Муцунски со вработување сакаше да купи советник од ГРОМ, вели Јакимовски

од Берта Китинска

Имаше обид градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски да купи советник на ГРОМ со понуда за вработување, кажа лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски во утринското гостување на ТВ 24.

-На наш советник му било понудено вработување во општина Гази Баба или во приватниот сектор. Но, нема потреба од такви работи, затоа што нашите советници нема да прават опструкции како што советниците на ВМРО-ДПМНЕ ми прават мене во Карпош, рече Јакимовски.

Слични содржини