На улицата „Франклин Рузвелт“ се сече дрво оштетено од сообраќајна несреќа

од Берта Китинска

Од Град Скопје информираат дека на улицата „Франклин Рузвелт“ се врши сечење на дрво кое било уништено од сообраќајна несреќа.

-Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска вршат сечење на едно дрво на улицата „Франклин Рузвелт“, кое поради сообраќајна несреќа беше навалено и претставуваше опасност по безбедноста на граѓаните, соопштија од Градот.

Слични содржини