Над 400 казни за брзо возење во Тетово, Куманово и Битола изречени денес

од Milan1

МВР соошти дека при акциски контроли денеска се изречени повеќе санкции за пребрзо возење на териториите на СВР Куманово и СВР Тетово.

-Од 12.00 до 18.00 на територија на СВР Куманово спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 121 возачи. Од нив 101 на територија на Куманово, 11 – Крива Паланка и 9- Кратово, информира МВР.

При контролите на територијата на СВР Тетово, спроведени од 12.00 до 18.00 часот, санкционирани се 184 возачи. Од нив 127 на територија на Тетово, а 57 на територија на Гостивар. Од овие 184 возачи, 59 возеле со брзина од над 50 километри на час над дозволеното, а дури 11 со над 70 километри на час над дозволеното.

Санкциониарни се и 122 возачи во акциската контрола, спроведена денеска од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола.

Како што соопшти МВР, од нив 37 се на територија на Ресен, 36 на територија на Битола, 30 на територија на Прилеп.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.

Слични содржини