Најмалку осуммина убиени при напад во училиште во Тексас

од Vladimir Zorba

Меѓу осум и десет лица се убиени денеска при напад во средно училиште во градот Санта Фе во американската сојузна држава Тексас, јави Би-Би-Си.

Локалниот полициски шериф Ед Гонзалес соопшти дека „најголемиот број од убиените“ се ученици.

]

– Станува збор со инцидент со повеќе жртви, но конечниот број на загинати се уште не е познат, нагласи Гозналес.

Локалните власти во Санта Фе преходно соопштија дека „има ранети лица при инцидент со активен стелец“, што се случил по почетокот на наставата во училиштето.

При нападот се ранети најмалку 12 лица, меѓу кои и еден полицаец, кои се пренесени в болница.

Заменик-директорот на училиштето Крис Ричарсон изјави дека полицијата го уапсила „осомничениот за пукотниците“, додека Гонзалес информира дека е приведено и уште едно лице. Двајцата приведен најверојатно се ученици.

Полицијата информира и дека околу училиштето биле пронајдени сомнителни направи, за кои се претпоставува дека се експлозиавни. Во тек е операција на специјалните полициски тимови за нивно отстранување.

Нема информации колку направи се пронајдени, а полицијата апелираше до граѓаните да пријават доколку забележат сомнителни предмети.

Си-Би-Ес, повикувајќи се на изјави на очевидци, јави дека нападот го извршил тинејџер облечен во црно вооружен со сачмарка со скратена цевка.

Неколумина ученици за локланите медиуми изјавија дека пукотниците започнале откако во училиштето се вклучил алармот за пожар, но засега не е познато кој го активирал. 

– Некој влезе со сачмарка и почна да пука, изјави една ученичка која во време на нападот била на час по уметност. Таа додаде дека видела една убиена девојка, која била погодена во ногата.

Коментирајќи го нападот, американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека тој е „апсолутно ужасен“.

– Мојата Администрација е решена да стори се што е во нејзина моќ за да ги заштитиме нашите ученици, да ги обезбедиме нашите училишта и да го држиме оружјето подалеку од рацете на оние кои претставуваат закана за себе и за другите, нагласи Трамп.

Ова е втор најсмртоносен напад во училиште во САД годинава, по оној во февруари во сојузната држава Флорида, кога загинаа 17 лица./МИА

Слични содржини