Најстариот Србин кој го победи коронавирусот: Не бев на респиратор, но оваа терапија ме излечи!

од Aleksandar Petrovski

Душан Петровиќ (81) Ваљево пред два дена го напушти КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, од каде се врати дома жив и здрав.

Дедото кој влезе во деветата деценија од животот Душан Петровиќ (81) од Ваљево е најстариот граѓанин на Србија кој се излечил од коронавирус!

Пред два дена, Петровиќ и уште двајца пациенти од Ваљево беа пуштени од болничко лекување, откако беше утврдено дека оздравиле. Тој за српски „Курир“ изјави дека после 16 дена болничко лекување, конечно се вратил дома и дека е пресреќен што успеал да го победи овој злобен вирус на своја возраст.
– И лекарите се восхитуваат како се држев и како се опоравив толку брзо! Јаа два или три дена се чувствував омалаксано и на 14 март бев примен во болницата во Ваљево, а следниот ден бев префрлен на Клиниката за инфективни болести во Белград. Од 19 март сум во КБЦ Драгиша Мишовиќ. Немам добиено никаква терапија од 24 март, бев во ред. Верувајте ми, не знам како се заразив, многу шетав низ градот и потоа почувствував малаксаност – се сеќава Петровиќ.

Сите се исплашија за мене

Вели дека е воодушевен што последниот тест покажал дека е негативен, и дека е добро што никој во неговото семејство нема симптоми на овој вирус.

– Децата и внуците се исплашија за мене, сите се добри, фала му на господа. Кога дознав дека сум позитивен, се исплашив со оглед на мојата возраст, како не би. Бев прибран и свесен дека може да се случи и едно и друго. Јас имам 81 година и можеше да биде и едно и друго – вели најстариот Србин кој ја победи короната и продолжи:

Кислородот ми помогна наместо респиратор

– Од симптомите имав малаксаност, заборавност, некои денови не знаев каде сум или кој ден е, но се подобри. Инаку, немав хронични заболувања, старечки. Бев здрав. Во болницата, практикантка ми рече дека имам пневмонија, но не мислев дека имам. Не бев на респиратор, пет дена бев на кислород, но не се предадов, се борев, сите доктори беа воодушевени од тоа колку брзо закрепнав!

Петровиќ исто така изјави дека КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ е врвна институција, а персоналот е за десетка. – Сите се среќни што се опоравив. Пресреќен сум, не можев да спијам ноќе во болницата, сега конечно се наспав, вчера се разбудив во 11.30 часот! рече Петровиќ.

Слични содржини