Намирници кои го „убиваат“ либидото

од Stefanija Kuzmanovska

Велиме дека одредени намирници се природни афродизијаци, но има и такви кои ја убиваат сексуалната желба, па затоа не треба често да се консумираат.

Погрешната исхрана може да го убие либидото бидејќи не само што предизвикува поспаност, туку и го намалува нивото на тестостерон.

Премногу црвено месо богато со хормони кај мажите може да создаде нерамнотежа на нивото на природните хормони, па тешко ќе се „возбудат“ во кревет.

– Црвеното месо е одличен извор на протеини и цинк кои помагаат во градењето на мускулите, но јадете го во помали количини и не секој ден – вели нутриционистката Фрида Харју.

Ако мислевте дека сојата е добра замена за месото, се лажете, бидејќи го намалува нивото на тестостерон во организмот, што исто така лошо влијае на либидото. Нането е исто така на листата на непожелни намирници, а до сексуални проблеми може да доведе и консумирањето алкохол.

Слични содржини