Наскоро: „Matrix“, четврти дел

од desk2

Кијану Ривс и Кери-Ен Мос ќе ги глумат главните ликови во четвртото продолжение на филмот „Matrix“. Сценариото ќе го напише, режира и продуцира Лана Вачовски. Таа соработува со авторите Александар Хемон и Дејвид Мичел.

Првиот дел од филмот премиерно е прикажан во 1999 година. Тогаш заработил 460 милиони долари, а до сега со франжизата заработил 1,6 милијарди долари.

Проблематиките со кои се бави овој филм за денешно време се уште повеќе релевантни, изјавила режисерката.

Во првиот дел од филмот главниот лик е Нео (Кијану Ривс), кој открива дека луѓето се заробени во симулирана реалност.

Филмот стана вистински хит, па поради тоа се снимени два продолжетоци.

Гласините за снимањето на четтвртото продолжение кружат уште од 2017 година кога се пишуваше дека Warner Bros Pictures работат на новиот филм. Снимањето ќе започне во текот на наредната година.

Слични содржини