НАТО и ЕУ ја потпишаа третата заедничка декларација

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, утрово во седиштето на НАТО во Брисел ја потпишаа третата заедничка декларација меѓу овие две организации.

На прес-конференцијата што следеше тие ја поддржаа и ја поздравија воената помош што ја најавија Франција и Германија за Украина.

„Ги поздравувам новите најави од САД, Германија и Франција дека ќе испратат нови видови оклопни борбени возила“, рече Столтенберг и додаде дека е особено важно тоа оружје да ја добие и „неопходната муниција, резервни делови, обука и одржување на системот“.

Слични содржини