Ненси Пелоси ја започна својата азиска турнеја во Сингапур

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси денеска во Сингапур ја започна својата азиска турнеја во чии рамки, како што е најавено, ќе ги посети и Малезија, Јужна Кореја и Јапонија.

Можноста Пелоси да го посети Тајван предизвика незадоволство во Пекинг, наведува „Ројтерс“.

На прашањето дали Пелоси ќе го посети островот во четврток, тајванскиот премиер Су Ценг Чанг одговори: „Секогаш топло дочекуваме угледни странски гости“.

Слични содржини