Неочекуван пресврт на изборите во Холандија: Победи Партијата на земјоделците

од Stefanija Kuzmanovska

Партијата на земјоделците постигна изненадувачки успех на изборите во Холандија и ќе биде поединечно најголема партија во Горниот дом на парламентот по покраинските избори, јавува Би-Би-Си.

Движењето земјоделец-граѓанин (БББ) е основано дури во 2019 година по големите протести на земјоделците.

Според прелиминарните податоци за изборите, треба да освојат 15 места во Сенатот со речиси 20 отсто од гласовите.

Слични содржини