Неподносливата тежина на американскиот расизам

од Vladimir Zorba

Тежината на сите форми на американски расизам над лицата со темна кожа – африканско, американско, афро-латинско, афро-бразилско, афро-карипско потекло – на домородците, на луѓето со боја на кожа која „навалува“ кон црна (колективно позната како БИПОК), честопати е огромна.

На морско ниво, атмосферата на Земјата става притисок 14,7 фунти на метар квадратен на сите нас. Или, за љубителите на метричкиот систем, 1 кг по квадратен сантиметар. Расизмот има тежина еднаква на атмосферскиот притисок, со двојно дејство на воздухот на земјата на секој квадратен сантиметар врз телото, умот и духот на секој темнокож и домороден човек.

Целата таа тежина, целиот тој постојан притисок, еднаков на тоа да останете десет метри под вода, полека дави многу лица со темна кожа и домородци, однадвор према внатре и обратно.

Од зачнувањето до задгробниот живот, оваа тежина е неизбежна.

Црната хипермашкост или латинскиот патријархат не можат да го придвижат тоа. Ниту социоекономската мобилност ниту образовните достигнување. Не можат ни алкохолот, дрогата или сексот. Ниту, пак, христијанството, политиката или девственоста не можат да „правењето на правилни работи“. Без оглед на класната припадност на личноста со темна кожа, таа тежина и притисок се секогаш таму.

Ова ги затегнува кожата и мускулите, ги крши коските и коскената срцевина, ги заплеткува невроните и крвните садови, оставајќи голем број на темнокожи и домородни луѓе во постојана состојба на готовс, предизвикана од вознемиреност. Никој не смее да биде на гоовс поради напад и угнетување цел живот.

Постојан притисок

Јас сум црн Американец повеќе од половина век. Само неколку моменти откако наполнив седум години и ја гледав серијата „Roots“ за прв пат во 1977 година кога не ја почувствував оваа прекумерна тежина, овој инаку постојан притисок. Како кога отидов во Торонто во 1999 година да направам презентација на конференција и кога за прв пат ги напуштив САД. Инаку, вознемиреноста, депресијата, тивкиот, но длабок извор на гнев, досадно чувство дека мојата работа и моите достигнувања никогаш не се доволно добри, секојдневните борби да се биде човек со темна кожа во САД, сите ме придружуваа изминатите 43 години.

Оваа тежина, овој притисок има последици, за мене и милиони други. Пократок животен век и послаб квалитет на живот. Хипертензија, висок крвен притисок, карцином и дијабетес често се на токсичното мени. Оправдана параноја дека со сериозноста на расизмот може да придонесе за клиничка депресија, шизофренија и биполарно растројство, реално и социјално конструирано.

„Ако само сите контрадикторни гласови кои викаат во мојата глава, би се смириле и би пееле песна на единство … немаше да ми пречи се додека пееја без дисонанца … Но, немаше олеснување“, вели Ралф Елисон во 1952 година.

Синдромот на измамници за мал процент на темнокожи лица кои се наоѓаат меѓу американската елита е друга последица. „Луѓето со темна кожа … се особено чувствителни на оваа ослабувачка сензација … синдромот на измамници не е само имагинарен глас во главите. Ние … добиваме скоро дневни пораки од општеството дека навистина не припаѓаме таму“, напиша известувачот на „Хафпост“ Џоли А Доџет 2019 година.

Изрази кои го намалуваат достигнувањето, како што е да му се каже на студент со темна кожа, кој добил потврда дека бил примен во елитниот универзитет дека бил примен заради расата, или кога честитате на остварена темнокожа личност која е „елоквентна“ го влошува синдром на измамниците. Овие не толку мали агресии хранат чувство на не-припадност, чувство да се биде измамник, да се користи белото око како средство за мерење на вредноста на лицето со темна кожа.

Но, најчеста последица е тоа што постојано сте во војна. Војната со себе, како што е идентификувано од В.Е.Б. Ду Боа во „The Souls of Black Folk“ (1903), е дел од неговата дефиниција за „двојна свест“, употреба на бели леќи, за да се видите себе си, пред својот сопствена рефлексија. Или „два завојувачки идеали во едно темно тело, чија непоколеблива моќ го спречува да се раздели“, како што напиша Ду Боа.

Внатрешна војна

А, со белата патријархија, постои и внатрешна војна, бидејќи белината и нарцизмот со кој белото го храни светот се поподмолни од сè што сте виделе во „Матрицата“. Пресекот помеѓу расизмот, колоризмот, мизогинијата и нарцизмот турка многу темнокожи мажи во интернализиран расизам, семејно насилство, силување и други форми на дехуманизација. Ова остава жени со темна кожа и домородни жени, ЛГБТКИА лицата со темна кожа и БИПОК кои живеат со сиромаштија и се борат на повеќе фронтови, со многу поголема тежина за носење и многу поголем притисок врз нив.

Исто така, постои култура на отпор во која со векови присуствуваат африканските дијаспори и домородните народи. Отпорност на ропство, преку бегство и ослободување. Отпорност на културно бришење, со вклучување на преостанатите пасуси на африканската народна традиција во музика, молитва, семејство, со лекови и храна. Отпорност на сегрегација, во градењето на движењето за граѓански права, во самоодбрана, во пан-африканизмот.

Отпорност на маргинализација, линчување, полициско убиство, силување, кражба на плати, протестирање „со свои стапала“ и мигрирање заради можноста да „уживаат“ во „нивната слобода“ (индиректно да ја цитирам историчарката од Принстон Теру Хантер) во градовите низ САД .

И, како и со секој организиран отпор, борците за слобода, како Нат Тарнер, Ида Б Велс и Маркус Гарви, Медгар Еверс, Малком Х, Мартин Лутер Кинг, Анџела Дејвис и Асат Шакур, сите се соочија со репресија, затвор, убиства и егзил.

Можеме да додадеме активисти од Фергусон и Св. Луис од движењето „Black Lives Matter“, како што се Дарен Силс, Деандре Џошуа и Басем Масри во оваа мешавина. За оние активисти кои не умираат млади, постои данок на нивното физичко и ментално здравје, отфрлање, губење на приходот до кој доаѓаат.

Кога сте борец во војната против американскиот расизам, тоа може да ги урне умот и телото како конзерва фатена во гравитационата жешка црна дупка.

Да се ​​очекува црните, кафеавите и домородните луѓе да одговорат на овие смртоносни тегови и притисоци со ненасилни протести и моментално простување е незнаење и расизам што оди против целата логика. Како и Ду Боа, верувам дека е чудо што нема повеќе насилство насочено кон белите лица и одредени американски институции заради нивното секојдневно анти-црно и анти-кафеаво насилство.

Како автор и активист Кимберли Џонс, разбирам зошто многу би сакале да ja „запалат оваа заедница до земја“, и се согласувам дека САД се „среќни што црнокожите бараат рамноправност, а не одмазда“. Но, тежината на американскиот расизам е неподнослива, а притисокот гуши. Колку долго треба да чекаат маргинализираните Американци пред реструктуирањето на САД да ја отстранат оваа тежина и да го олеснат притисокот?

Доналд Колинс, Ал Џезира

Слични содржини