Нетипично за Холивуд: Ен Хатавеј откри како се вика синчето

Ѕвездите најчесто за своите наследници бираат некои необични имиња, па вистинско изненадување е тоа што оваа ѕвезда за својот син одбрала традиционално име. Таа на својот втор син му го дала името Џеј, пренесува Hello! Ен, синот го роди во ноември минатата година.

Актерката е видена на Филмскиот фестивал Sundance, каде присуствувала за да го промовира својот нов филм „The Last Thing He Wanted“.

Новопечената мајка во јули на Инстаграм објави дека го очекува својот втор син и отворено зборувала за проблемите со зачнувањето. Во таа прилика објавила црно-бела фотографија на која се истакнувал нејзиното трудничко стомаче.

Во описот на фотографијата напишала:
„Ова не е за потребите на филмот #2“.

Потоа пизнала дека не и било лесно да остане бремена ниту сега, а ниту првиот пат.

„На сите кои минуваат низ вистински пекол во процесот на зачнување, сакам да им порачам дека ниту мене не ми беше лесно да останам бремена, ни првиот, ниту вториот пат. Ви праќам љубов“, напишала актерката.

Ен, која има 37 години, се омажи за својот сопруг во Калифорнија во 2012 година и го роди нивниот прв син Џонатан во 2016 година. Инаку, таа својата приватност ја чува и ретко објавува фотографии од приватниот живот, ниту изнесувала детали за своите бремености.

Слични содржини