Николоски има сознанија за потпишан ЕФЕТ договор помеѓу ЕСМ и контактот на Мицкоски за набавка на гас

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ се постави државнички во целата работа околу енергетската криза. Претседателот Мицкоски сето она што го има како професионално искуство понуди контакти кои можат да обезбедат многу поефтин за  гас и мазут од оној што Македонија што го купува. И истото што го нуди може да стигне во Македонија, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Само Вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Тој додаде „согласно сознанијата кои ги имам веќе е потпишан тн. ефет договор помеѓу ЕСМ и контактот, односно позицијата која беше дадена од страна на ВМРО-ДПМНЕ“. Претставници на компанијата која беше дадена како контакт во четврток ќе пристигнат во Македонија за да се официјализира сето тоа.

„Она што е вонредно значајно цената на гасот што Македонија може да ја добие е најмалку два пати поевтина од досега што е купувано. Тоа ќе заштити пари на граѓаните и е државнички чекор. Претседателот Мицкоски направи се Македонија да добие поевтини енергенси, скопјани да добијат парно, работниците да земат плата…Се надевам на мудрост од владата за да се финализира ова. Ако не се финализа ова ќе значи дека имаат коруптивни намери“, вели Николоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера не сакаше да ги открие имињата на фирмите што ги понуди како контакти до Владата, за набавка на поевтини енергенси, бидејќи вели дека „нема авторизација“.

-Јас не можам да потврдам или демантирам име на компанија. Сепак имам намера да ја кажам вистината. Вистината е дека компанијата која што е позиција за снабдување со гас и нејзини претставници присуствуваа на средбата со Владата и на таа средба е понудена цена која што е најмалку двапати помала од таа по која што АД ЕСМ купуваше за месец октомври. Во Европа, начинот на кој се тргува е предмет на еден договор кој што ние го викаме „ефет договор“ и го потпишуваат компаниите кои што се занимаваат со оваа проблематика. Можам да потврдам дека цената е двапати помала од таа која што Владата ја доби за втората половина за октомври, рече Мицкоски во дебатата на МТВ со новинари од неколку медиумски куќи.

Слични содржини