Николовски: Добивам повици од луѓе кои ја имаат напуштено Македонија

од Nikola Popovski

„Гледате дека за жал во Македонија владеењето на правото е на најниско ниво, имаме криминална банда на власт која што е во коалиција со одредени  поранешни структури и гледаме дека ни приредија еден вистински циркус на Македонија во изминатите денови. Циркус во кој што видовме дека нема п од правна држава и дека нема воопшто владеење на правото туку дека има едни мафијашки карталски договори во кои што договори треба да се избегне системот на владеење на правото, па прво заеднички се договорија бегалецот од правдата да избега за после тоа да ги испреговараат  неговите услови и да го вратат назад за да одглумат пред јавноста дека успеале да го вратат назад, а во суштина реагираа на она што се вика притисок од јавност и од опозицијата. Но, видовме повторно дека се работи за политички договор од причина што ниедна правна процедура не беше испочитувана од примање на решение до тоа дека видовме дека отиде дома, а не онаму каде што заслужуваат оние кои што се бегалци од правдата“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска од Неготино.

Тој рече дека добивал повици од луѓе коишто ја имаат напуштено Македонија, а коишто му рекле дека ова е основната причина зошто ја напуштиле земјата.

„А тоа е дека нема владеење на правото и има криминална банда и криминална коалиција на власт, а, за жал, добивам и бројни повици и вчеравечер и утрово од луѓе коишто сакаат да ја напуштат Македонија од истата причина.

Би сакал да ги охрабрам и да ги повикам заедно да се избориме во оваа битка затоа што оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ е една чиста генерација, една генерација којашто е надвор од овие криминално-политички договори, којашто не е извалкана и којашто има јасна, детерминирана волја да расчисти со криминалот и корупција на највисоко ниво и оваа криминална коалиција што во моментот функционира во Македонија да оди онаму каде што ѝ е местото, а тоа е во затвор.

Доаѓаат подобри времиња за Македонија преку рушење на оваа власт, многу брзо и предвремени парламентарни избори. Затоа ги повикувам сите граѓани на Македонија да нè поддржат во оваа битка, да останат во Македонија и заеднички да ја направиме Македонија поубаво место за живеење и да ја направиме место во којашто ќе функционира правната држава“, рече Николоски.

Слични содржини