Николовски: ДУИ беше зелена партија во 2001 година

од Nikola Popovski

„Во недостиг на проекти и идеи, владејачката коалиција СДСМ-ДУИ се занимава со пи-ар алатки“, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски ја коментира одлуката на партијата ДУИ да вложува повеќе во животната средина и да стане „зелена“ партија.

„За тоа што го кажа Али Ахмети сакам да кажам две работи. Прво е дека очигледно ДУИ веќе нема свежи идеи што да понуди на граѓаните, потоната во сопствените проблеми, во криминалот и корупцијата, и второ дека ДУИ си се враќа на корените, имено тие стартуваа некаде во 2001-та година, токму како зелена партија од горите и планините на Македонија, така што очигледно се враќаат на корените“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, три дена водат кампања во стилот на оние познати кампањи на големи мултинационални компании кога нешто најавуваат, а сите очекуваат што ќе биде тоа, па билборди без текст се ставаа во градот само со одредена боја, па после тоа имаше еден збор итн.

„Видени финти, нема друг збор освен финти“, кажа Николоски.

Лидерот на ДУИ, во обраќањето по повод 19 роденден на партијата, објави дека зелената агенда станува нејзин дел на локалните избори.

Младите бараат услови за живот како нивните врсници на запад, работни места како и модерна животна средина, рече Ахмети, а на почетокот од своето обраќање, присутните ги поздрави на македонски јазик.

Слични содржини