Николовски: Нема да прифатиме уцени од опозицијата, треба да испорачаме пари за граѓаните

од Andreja Salpe

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, во вестите на Сител изрази благодарност до пратениците и им честиташе за нивното учество за носењет на петтиот пакет економски мерки.

Тој ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека троши многу време на договарање, како што и дека не ги почитуваат договорите.

„И порано, како и сега, многу време се потроши на договорање, но договорите не се почитуваат од страна на опозицијата, тие доаѓаат да се потпишат и да земат патни трошоци.

Сакам да им честитам на сите пратеници, особено оние кои дојдоа согласно сите протоколи, без спроведени во посебни ходници, во посебни кабини, се потврди владејачкото мнозинство на седницата, се потрвди дека ние нема да прифатиме уцени кога треба да испорачаме пари за граѓаните, во оваа тешка економска и здравствена криза, парите ги чекаат лозари, тутунари, спортски клубови, занаетчиите, ивент индустријата, сите погодени, и тие не може да се заложници на опозицијата и на еден човек”, истакна Николовски

Слични содржини