Нов состанок на Мешовитата историска комисија во Софија

од Nikola Popovski

Денеска и утре Софија е домаќин на 22. состанок на Мешовитата македонско-бугарска историска комисија.

Последниот состанок на комисијата беше на 17-ти и 18-ти ноември 2022, исто така во Софија. Главна тема беше улогата и местото на Охридската архиепископија и начинот на кој таа е претставена во учебниците за 7-мо одделение во Република Македонија. По долги дебати не беше постигнат договор за забелешките од бугарската страна.

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Северна Македонија е формирана како резултат на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, потпишан на 1 август 2017 година и стапи на сила на 14.02.2018 година. Успехот на комисијата се смета за еден од клучните елементи за спроведување на Договорот од 2017 година.

 

Слични содржини