Ново откритие за короната: Многу пациенти би преживеале доколку се обрнеше внимание на оваа ситница

од Stefanija Kuzmanovska

Нова студија укажа на тоа кај кои пациенти имаат зголемен ризик од смрт и се покажа дека една ситница прави разлика помеѓу живот и смрт.

Пациентите заразени со коронавирус, кај кои доаѓа и до најмал пад на сатурација се соочуваат со многу поголем ризик од смртен исход. Ова е во спротивност со сегашните упатства на Националната здравствена служба, која смета дека пациентот е во добра состојба ако неговото ниво на сатурација е помеѓу 94 и 98 проценти.

Сепак, истражувањето спроведено на над 1.000 пациенти со Ковид во болниците покажало дека дури и најблагиот пад, како на пример, сатурација од 96 проценти, е тесно поврзана со висок ризик од смрт.

Научниците на тој начин ја предупредуваат NHS дека сегашниот систем не е доволно чувствителен и дека најверојатно ќе се пропуштат многу можности за спасување човечки животи.

Научниците дури ги советувале Британците да имаат оксиметар во домот и да ја следат нивната сатурација.

„Дури и пациентите со сатурација од 94-95 проценти, што според сегашните стандарди се смета за нормална, имаат значително зголемена смртност, 5,3 проценти во однос на пациентите чија сатурација била поголема од 95 проценти“, се наведува во научниот труд.

 

Слични содржини