Ново вознемирувачко предупредување: Русија може да го нападне НАТО во рок од три години?

од Nikola Popovski

По предупредувањата од Шведска, Обединетото Кралство, Германија, Романија и други земји, сега данскиот министер за одбрана најави можно проширување на руската инвазија и судир со НАТО, во рок од само три години.

Троелс Лунд Поулсен, кој ја извршува и функцијата заменик-премиер на Данска, предупреди на зголемената руска побарувачка во одбранбените и производствените сектори.

„Не може да се исклучи Русија да го тестира членот 5 и солидарноста на НАТО во период од три до пет години. Тоа не беше проценка на НАТО во 2023 година. Ова е нова информација која сега доаѓа во прв план“, изјави Поулсен за данскиот весник „Јиландс-Постен“, а пренесува британски „Телеграф“.

Оваа година шведскиот премиер им порача на граѓаните психички да се подготват за војна, додека германските и естонските министри соопштија дека Русија може да биде подготвена да го нападне НАТО во рок од пет до осум години.

Руски напад врз земја на НАТО ќе ја принуди Алијансата да се придржува до ветувањето за колективна безбедност познат како член 5, втурнувајќи ја Европа во војна.

Поулсен истакна дека постои причина за вистинска загриженост.

„Капацитетот на Русија за производство на воена опрема неверојатно порасна. Русија потенцијално има волја за напад. Сега тие можеби ќе имаат воена способност порано отколку што очекувавме“.

Слични содржини