Почетна / Хроника / Oбвинение за лицето што шверцувало кокаин во пакети со банани

Oбвинение за лицето што шверцувало кокаин во пакети со банани

Скопското Обвинителство поведе обвинение против едно лице во врска со случајот со кокаинот што беше откриен во пакети со банани.

Иако постапката се водеше против двајца, сепак кривичниот прогон бил запрен против еден од осомничените.

Станува збор за претходно оформен кривичен предмет во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за нелегална меѓународна трговија со наркотична дрога – кокаин, каде постапката се водеше против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Откако кривичната постапка беше запрена против едниот осомничен, списите од овој предмет за вториот осомничен беа доставени на понатамошно надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје.

Со поднесеното обвинение, обвинетиот се товари дека на 19.02.2020 година во село Крушопек, општина Сарај неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин со тежина од 1001 грам. Дрогата била откриена при извршен претрес на товарно моторно возило, во пакетите со банани кои биле превезувани за правното лице – сопственост на обвинетиот. Кокаинот бил спакуван во едно пакување во правоаголна форма, со две полиетиленски безбојни обвивки на кои имало ознаки и втиснато лого – глава на јарец.

loading...