Од 1. март ќе се воспостави слободен пазар на труд меѓу С.Македонија, Србија и Албанија

од Nikola Popovski

По средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан во Скопје, пред медиумите се обрати српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изјави дека од 1-ви март треба да се воспостави слободен пазар на труд меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.

Вучиќ истакна дека ова е одлична и важна вест за Србија.

„Овде секогаш има некои непријатни детали, но не сакам да зборувам за тоа. Синоќа имавме важна средба со луѓето од Отворен Балкан. Во 14 часот се потпишува. Од 1 март конечно треба да стапи на сила слободниот пазар на трудот меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија. Тоа ни значи многу, тоа значи создавање пазар со работна сила од околу 11 милиони жители“, рече Вучиќ.

На средбата во Скопје, покрај премиерот Димитар Ковачевски, присуствуваат и претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, премиерите на Албанија Еди Рама, премиерите на Црна Гора Милојко Спајиќ, на Косово Албин Курти, Срѓан Амиџиќ, актуелен министер за финансии и трезор во Советот на министри на Босна и Херцеговина, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседски и преговори за проширување во Европската комисија и Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.

Слични содржини