Од утре променливо облачно време со сончеви периоди

од Stefanija Kuzmanovska

Од утре следува период на променливо облачно време со сончеви периоди.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 20 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од недела ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер и ќе има локални врнежи од дожд.

Детално за во наредните неколку дена:

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во недела времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот со слаб локален дожд. Ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец.

Слични содржини