Од вкупниот број заболени од коронавирус во земјава, 14 или 15 се здравствени работници

од Vladimir Zorba

Од вкупниот број заболени од коронавирусот во земјава, 14 или 15 се здравствени работници, вклучувајќи ги и овие сега дијагностицирани во Скопје, информира министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тие, како што соопшти Филипче се во Кавадарци, Дебар, сега во Скопје и во Куманово.

Прашан во каква здравствена состојба се децата кои се дијагностицирани со вирусот и каде се лекуваат, министерот информира дека најмалото дете од Скопје е на домашно лекување, девојчето кое се лекува во одделението за инфективни болести во болницата во Штип и момчето од Дебар кое има 15 години, а сите се во добра состојба во смисла на тоа да е манифестацијата на болеста во лесна форма.

Слични содржини