Одбележување на вековното постоење на радиото

По десетти пат утре ќе се одбележи Светскиот ден на радиото под мотото „Нов свет, ново радио“ по 1 век постоење, а под покровителство на УНЕСКО.

На годинешното одбележување фокусот ќе биде ставен на клучните карактеристики на радиото, неговата еволуција, како и поврзаноста и иновативноста, посочија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Исто така, се посочува дека во изминатиот еден век, радиото успеа да се адаптира на сите општествени и технолошки трансформации и на потребите на слушателите.

Како што велат од АВМУ, поради ваквите негови особини да се развива, да поврзува за време на природни катастрофи, социо-економски кризи, пандемии и слично, како и да биде насекаде достапно, радиото се уште е еден од најкористените медиуми ширум светот.

„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на сите радио станици во земјава им го честита Светскиот ден на радиото и ги повикува да се приклучат кон прославата на соодветен начин, преку дебати и дискусии“, се вели во соопштението од АВМУ.

 

Слични содржини