Одрон на патот Маврово-Дебар

од Nikola Popovski

На 19.12.2023 година од 09:00 часот сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, пред с.Жировница, поради одрон на патот се одвива по една коловозна лента, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 100м. има во Битола и 200м. во Македонски Брод.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини