ОФИЦИЈАЛНО: Викендов нема фудбал во Англија и Шкотска

од Nikola Popovski

Она што беше најавено сега е и официјално. Поради смртта на кралицата Елизабета Втора, одложени се натпреварите од Премиер лигата кои требаше да се одиграат викендов.

Од средбата беше објавено и соопштение за медиумите на кое учествуваа сите клубови кои се членови на елитното ниво на натпреварувањето.

„На состанокот во петокот наутро, сите клубови и оддадоа почит на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Во чест на нејзиниот живот и придонес за нацијата и во знак на благодарност, сите натпревари од Премиер лигата овој викенд ќе бидат одложени, вклучително и тој што требаше да се одигра во понеделник. Дополнителни соопштенија за распоредот на Премиер лигата ќе ги објавиме во периодот на жалост“, стои во соопштението.

Доколку се испочитува целиот период на жалост, тогаш во прашање се и натпреварите од следната рунда, а големо прашање е кога ќе се одиграат бидејќи распоредот е веќе преполн поради Светското првенство во Катар кое е закажано за ноември и декември оваа година.

Покрај натпреварите од Англија, одложени се дуели и од првенствата на Шкотска и Северна Ирска.

Слични содржини