Опозицијата не отстапува, поднесени 500 амандмани за Законот за здравствена заштита

од Берта Китинска

Опозициските пратеници велат дека не ја блокираат работата на Собранието,но дека без консензус не прифаќаат измени во Деловникот

Не само измените во Деловникот, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира и измените во Законот за здравствена заштита, обвинуваат од редовите на социјалдемократите.

„Не се само голем број на амандмани поднесени за промена на Деловникот за работа на Собранието, напротив, поднесени се и над 500 амандмани за измените за Законот за здравствена заштита“, изјави Мартин Костовски од СДСМ.

Слични содржини