Османи кон Христов: Барате поинакви одговори за позициите на Бугарија, јас 10 пати повторувам исти работи

Во рамки на денешната емисија на Топ тема, новинарот Боби Христов остана истраен да добие конкретни одговори на конкретни прашања од министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Имено, на неколкупати, Христов се обиде да добие одговор од Османи врзани за постојаните провокации од бугарската страна, на што тој мудро молчеше и истовремено повторуваше нешто што веќе беше кажано, односно потенцираше дека македонската дипломатија ќе работи на надминување на спорните прашања.

И по изјавата на Каракачанов во која вели дека сме творба на држава создадена од Јосип Броз Тито и тој идентитет не е доведен до прашање, но и обвинување дека С.Македонија „краде“ туѓа историја, Османи сепак мудро избегна одговор, велејќи дека во Бугарија владее предизборие, и дека не би сакал да се меша во внатрешните „препукувања“ во соседна Бугарија. Тука беше спомената и изјавата на Борисов, по што Османи почна да станува нервозен и да упатува обвинувања до новинарот Христов.

Нетрпението се забележа со немирен став во рацете и делот на лицето, по што постојано изговараше една иста реченица: „Јас веќе по 10ти пат повторувам дека С.Македонија ќе игра мудро и ќе гледа да ги приближи ставовите со оние на Бугарија“.

На ова, Христов само констатираше дека ова не се мислења, туку барање на ставови во врска со официјални документи од соседна Бугарија. Во еден момент, констатираше и дека „Османи молчи на навредите од бугарските државници“.

Слични содржини