Османи: Португалија има сериозна намера да го продолжи тоа што беше оставено од германското претседателство

од Берта Китинска

Во контекст на односите со Бугарија иницијативата 8 ги надминува рамките на спорот. Денеска на првиот работен ден ќе имаме координација за да се утврдат насоките. Почнуваме интензивно со премиерот и другите чинители да разговараме за насоките за утврдување и решавање на проблемот, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Во врска со претседателството на Португалија со ЕУ, Осамни е оптимист.

-Имавме големи очекувања од германското претседателство кое направи надчовечки напори, но очигледно пречките беа поголеми, истите очекувања ги имаме и за португалското претседателството.Тие имаат сериозна намера да се ангажираат и да се продолжи тоа што беше оставено од германското претседателство овие денови ќе испратиме наш дипломат, со цел да биде во блиска комуникација со нивните власти, изјави Османи.

Слични содржини