Османи за декларацијата за Гоце Делчев: Не треба историјата да ја користиме за дневно политички препукувања

од Берта Китинска

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во утринското гостување на емисијата на Здраво Македонијо рече дека декларацијата за Гоце Делчев поднесена во собранието не враќа назад во процесот.

-Ваква иницијатива имаше и ВМРО на Каракачанов во бугарското Собрание по однос на Кирил и Методиј, сакаа парламентот да ги дефинира историските прашања.Е сега тоа што имаат исти имиња партиите не мора и исти ставови да имаат, ако влеземе во таков натпревар ние денеска за Гоце Делчев, па утре бугарското Собрание со посилен тeкст за Делчев па ние пак…ќе влеземе во круг со Бугарија, не треба историјата да ја користиме за дневно политички препукувања, вели Османи.

Слични содржини