Осми ден протест против францускиот предлог, демонстрантите тргнаа кон Министерството за правда

од Nikola Popovski

Вечерва во 19 часот започна осмиот последовател протест против францускиот предлог. Како и претходните денови, демонстрантите се собираат пред зградата на Владата, од каде што маршираат низ центарот на градот.

Тие поминуваат пред зградата на Министерството за правда, од каде што се упатуваат кон последната точка – Собранието.

Се пејат патриотски песни и можат да се слушнат пораките: „Оставка“, „Бујар Османи оди си од тука“, „Македонија“, „Никогаш Северна, само Македоцнија“. ;оже да се забележи дека присутни се членовите на потесното раководство на Левица.

Протестите се поддржани и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и се под мотото „Ултиматум НЕ благодарам“.

Слични содржини