Останавме без пласман на Мундијалот, Фернадеш ни ги урна соништата

од Nikola Popovski

Португалските фудбалери обезбедија пласман на Светското првенство во Катар. Португалците беа подобри со 2:0 против Македонија и со тоа ја спречија нашата репрезентација да направи ново чудо, откако претходно ја елиминиравме Италија.

Нашите играа храбро на моменти, но Бруно Фернандеш беше кобен, бидејќи ги постигна двата гола. Најпрвин во 32. минута ја искористи катастрофалната грешка на Ристовски, кој му ја подари топката на Португалецот. Таа стигна до Роналдо, кој со одличен потег го проигра Фернандеш, кој од позадина ја следеше акцијата и рутински го совлада Димитриевски за големото славје на навивачите во Порто.

Македонските фудбалери се обидоа да се консолидираат, но не се заканија посериозно по голот на Португалците. Победникот беше решен во 65. минута по одличната акција и одличната топка на Диого Жота, кој го пронајде Фернандеш во шеснаесетникот, кој со волеј удар го совлада Димитриевски и ги згасна надежите и сонишата на нашите за прв историски пласман на едно Светско првенство.

На овој начин ги добивме сите учесници на Мундијалот од Европа а тоа се Србија, Португалија, Шпанија, Швајцарија, Франција, Белгија, Данска, Холандија, Хрватска, Англија, Полска и Германија.

Ждрепката за групната фаза на Светското првенство во Катар ќе се одржи на 1 април во Доха.

Слични содржини