Осуммина загинати по експлозијата во Хавана, најверојатно причина е истекување на гас

од Nikola Popovski

Кубанските служби за итни случаи трагаат по преживеани меѓу урнатините на хотел во Хавана, главниот град на Куба. Во хотелот Саратога се случила експлозија, а се претпоставува дека причината е истекување на гас, соопштија кубанските власти. Потврдена е смртта на осум лица.

Хотелот Саратога се наоѓа во центарот на Хавана, а силната експлозија уништила автобуси и автомобили паркирани пред хотелот. Кубанската полиција и пожарникарите трагаат по преживеани.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ја отфрли можноста за експлозија на бомба и рече дека експлозијата во хотелот Саратога била предизвикана од истекување на гас.

Исто така, владини претставници наведуваат дека 13 лица се сметаат за исчезнати.

Гардијан јавува дека се повредени 19 лица. Наскоро се очекува на местото на трагедијата да пристигне кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел.

Мексиканскиот министер за надворешни работи изрази сочувство

„Изразуваме солидарност со жртвите и со сите погодени од овој настан“, напиша тој на Твитер.

Хотелот е изграден во 1930-тите и има 96 соби, а е реновиран во 2005 година. Очевидци изјавија дека се слушнала „огромна експлозија“.

Слични содржини