Откриени морбидни детали: По смртта му бил изваден мозокот

Новиот документарец на Амазон Прајм за сериоскиот убиец Тед Банди, открива морничави детали за тоа како му бил отстранет мозокот откако бил погубен во 1989 година. Иако е злогласен убиец, силувач и некрофил овековечен е на филм и во литературата небројни пати, но и понатаму е мистерија каков е тој нагон што го терал да ги стори своите злодела.

Пред да биде погубен во затворот на Флорида, Банди го опишал својот нагон за убивање како „хемиски бран кој му струи низ мозокот“ и го спореди со зависност од наркотици. Од таа брипина експертите биле многу заинтересирани за да ја проучат физиологијата на неговиот мозок, земајки ги предвид предходните студии кои наведуваат поврзаност меѓу повреда на мозокот и склоност кој криминални активности.

Овој нов документарец го носи називот Ted Bundy: Falling For A Killer, а освен овие детали, тој го проучува и неговиот однос со долгогодишната девојка Елизабет Кендал и нејзината ќерка Моли, која во Банди гледала татковска фигура.

Слични содржини