Откриено која е најстресната работа на светот: Студијата траела 17 години

од Nikola Popovski

Секоја работа е стресна, а сега долгогодишното кинеско истражување откри која работа е најстресна. Студијата беше спроведена во текот на 17 години со вкупно 136.000 учесници.

Некој би рекол дека на врвот на листата се брокерите, возачите, пилотите или новинарите. И овие занимања секако се наоѓаат на многу слични листи, но овој пат не се на врвот на најстресните професии.

Најстресната работа на светот е работата на келнерот, барем така тврди студијата на Јужниот медицински универзитет во Кина, во која има неколку аргументи, пренесува хрватски „Индекс“.

-Келнерите се постојано под психички и физички притисок во текот на работното време. Факторот на стрес е исклучително висок, но уште поважно е дека паралелно имаат ниски примања, немаат награда за добро завршената работа, не добиваат многу признанија и не се чувствуваат ценети. И токму оваа комбинација ги донесе на врвот на неславната листа, стои во студијата.

Научниците исто така откриле дека стресот предизвикува многу поголема стапка на употреба на цигари и алкохол кај келнерите.

Слични содржини