Откриено пoсмртно писмо на генералот Праљак, кој проголта отров пред Трибуналот: „Не сакам гроб, ниту погреб, расфрлајте ја мојата пепел над Мирогој, гробиштата во Загреб“

од desk4

 

Хрватскиот генерал Слободан Праљак кој се самоуби во судницата на Хашкиот трибунал, оставил проштално писмо. Не сакам гроб, ниту погреб, расфрлајте ја мојата пепел над Мирогој, гробиштата во Загреб, пишува меѓу другото во прошталното писмо, соопштува хрватскиот весник Вечерњи лист.

Весникот пишува дека Праљак го испратил писмото на домашна адреса уште пред две години со барање тоа да се отвори само во случај на негова ненадејна смрт.

Според информациите со кои располага Вечерњи листПраљак бил подготвен за најцрното сценарио уште пред две години, кога почнал да развива план за самоубиство.

Изгледа сепак никој, ниту членовите на неговото семејство, ниту неговите пријатели, не знаеле ништо за овој план.

Српскиот воен злосторник Веселин Шливанчанин, осуден на 17 години затвор поради масовните убиства во Овчара, изрази сочувство до семејството на хрватскиот генерал и изјави дека го познавал како човек и тој бил коректен кон него и неговото семејство.

Двајцата се запознале во затвор и се виделе во спортската сала и во просторијата за средби со посетители.

По повод реакциите на хрватските политичари кои го карактеризираат Праљак како морален, чесен и интелигентен човек, кој ги штити своите принципи, хрватските психијатри предупредија дека обидите да се претстави самоубиството како достоен чин и дури самата информации за самоубиство води до зголемување на самоубиствата.

Политичарите не реагираа добро, го претставуваат самоубиството како пожелен чин. Во следните денови и недели може да се очекува зголемување на обидите за самоубиства. Го пофалиле самоубиството кое може да поттикне кон дејствување и на оние кои се на работ, или кои мислат за самоубиство, рече Хрватски психијатар Херман Вукушиќ.

Само неколку часа по самоубиството на Праљак тој на групната терапија која води со воени ветерани, забележал дека тие биле повеќе немирни од обично. Мислам дека тоа ќе доведе не само до повисок степен на автоагресија, но и до агресија кон другите, предупреди психијатарот. Неговите зборови беа потврдени од настаните во парламентот, каде минути по самоубиството на Праљак пратеници се степаа.

Слични содржини