Отворена туристичката сезона во Црна Гора: Две лежалки и чадор ќе ве чинат шест евра

од Nikola Popovski

Плажата „Центар“ во Сутоморе, каде синото знаме се вее со години, започна да работи овој викенд.

Секако, отворањето е придружено со тушеви со топла вода и нови поголеми кабини на самата плажа, но и останатиот неопходен интериес, пишува „Дан“.

Закупецот на плажа, Пајо Чеклиќ, вели дека добиле сет мерки и јасни упатства од Институтот за јавно здравје, кои се однесуваат на почитување на физичката дистанца и поголема хигиена и дека мора да се почитува договорот со Поморскиот совет и дека нема простор за импровизација.

„Ги имаме првите капења. Гостите се од Подгорица, кои секоја година доаѓаат и ја отвораат сезоната во Сутоморе. Ќе го почитуваме растојанието помеѓу капачите, дури предвидовме и три метри, иако според прописите два се доволни и така и ги одвоивме лежалките и чадорите“, изјавил Чеклиќ за „Дан“.

„Изнајмувањето на две лежалки и чадор е шест евра и така ќе биде се до први јуни, како што беше минатата година“, додал тој.

Тој обезбедил еден спасувач на плажата и вели дека ќе ги ангажира другите кога ќе се создадат услови за обновување на лиценците. Исто така очекува и малку поинтензивно мерење на квалитетот на водата.

„Без оглед на настаните околу пандемијата и поинавиот ред на плажата, очекувам да дојдат нашите редовни гости, а по отворањето на границите, очекуваме гости и од регионот“, вели Чеклиќ.

Слични содржини