„Ова е катастрофа“: Руски војник од првата линија на фронтот го повика Путин, бара помош

од Stefanija Kuzmanovska

Си-Ен-Ен синоќа емитуваше снимки на кои руски војници велат дека им е доста од воените услови во Украина.

Еден војник навел дека неговата единица веќе шест пати била пополнета со мобилизирани војници. Повикувајќи го рускиот претседател Владимир Путин на помош, војникот вели: „Повеќе немаме на кој друг да се обратиме“.

Си-Ен-Ен емитуваше уште едно видео, во кое руски војник вели дека ситуацијата на теренот во источна Украина е „тотално зае**на“, истакнувајќи дека еден од тенковите на неговата единица се запалил.

„Поздрав од првата линија на фронтот. Доказ од прва рака за тоа што се случува овде. Ова е катастрофа“, вели тој.

Слични содржини