Ова е најголемата последица од прекувремената работа, посебно ги погодува жените

од Stefanija Kuzmanovska

Универзитетот во Лондон спровел истражување во кое учествувале 40.000 вработени лица, по кое е донесен заклучок дека прекувремената работа и работата за викенд го зголемуваат ризикот за развој на депресија. Жените се поподложни на депресија како последица на прекувремена работа.

Жените кои работеле повеќе од 50 работни часови неделно имале 7,3 отсто зголемен ризик за депресија, додека оние кои работеле за викенд имале 4,6 отсто понагласени симптоми за разлика од останатите, кои не работеле во сабота и недела.

Најзагрозени се оние кои покрај прекувремената работа, пушат цигари и имаат ниски примања, како и оние кои не се задоволни со условите на работното место.

Мажите покажале понизок процент на депресивност.

Слични содржини