Ова е сопругот на Тијана Дапчевиќ: По четири дена врска почнале да живеат заедно (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Тијана Дапчевиќ повеќе од 20 години е во среќен брак во својот сопруг Милан, со кого го има синот Вук.

Двајцата се запознале на кошаркарски натпревар во Сомбор, а по четири дена почнале да живеат заедно, пишува „Блиц“.

Тие се венчаа на 28 април 2001 година, а неколку години подоцна беше објавено дека Милан ја изневерил Тијана со келнерка, но таа му простила. Меѓутоа, во 2015 година повторно почнаа гласини за наводни несогласувања во нивниот брак.

Медиумите објавија дека пејачката наводно се разведува, и дека неколку дена ја напуштила куќата во која живеела со сопругот за да си ги „среди мислите“. Сепак, таа сфатила дека не може без него, а подоцна изјавила дека нивниот брак „не е идеален, но опстојува благодарение на големата љубов“, пренесе „Нова.рс“.

Слични содржини