Паѓаат рекорди – денеска и до 43 степени

од Vladimir Zorba

Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. UV=10

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.

До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури. Особено топло ќе биде утре и кон средината на следната седмица и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Слични содржини