Палмер: Приштина да ги укине таксите, Белград да не ја делегитимизира независноста на Косово

од Aleksandar Petrovski

САД сакаат Србија и Косово да ги нормализираат односите и така да го отворат патот кон заедничката цел а тоа е членство во Европската Унија, изјави специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.

Тој истакна дека за САД не постои прашање за косовска државност и независност, која е неповратна туку нормализација на односите до кои мора да се дојде со дијалог и договор.

„Целта на процесот и тој дијалог не е форсирање на било која страна заради нормализација на односите, туку напротив поддршка и на едната и на другата страна“, рече Палмер.

Договорот кој го унапредува мирот и стабилноста е повеќедимензионален и тој подразбира безбедносни, политички и некои други прашања како и проблемот со чевековите права и граѓанските слободи и заштита на културното богатство, прецизира Палмер.

За својот престој во Приштина, Палмер рече дека и таму бил јасен и дека укинувањето на таксите за Србија е пат кон нормализација и дијалог.

„До решение може да се дојде ако двете страни ги приближат ставовите и ние нема никому да му наметнуваме решение“, рече Палмер и додаде дека Србија треба да престане со активностите кои ги прави за делегитимизација на косовската независност, заради што се воведени и таксите.

Слични содржини