Паника во Тајван: Лаборантка гризната од глушец заразен со корона, 100 луѓе во карантин

од Nikola Popovski

Тајванските власти спроведуваат истрага бидејќи работничка во лабораторија била позитивна на Ковид-19 откако била гризната од глушец заразен со вирусот.

Случајот на работничката во Академијата Синика, една од главните лаборатории во Тајван, ги разбранува духовите, бидејќи бројот на случаи на тој остров е многу мал.

Здравствените власти потврдија дека работничката била гризната двапати од глушец заразен со коронавирусот, а потоа била позитивна. Сепак, сè уште не е јасно докажано дека била заразена со каснување, но постои основано сомневање дека е. Министерот за здравство на Тајван, Чен Ши-Чунг, рече дека е „голема веројатноста жената да е заразена на тој начин, бидејќи преносот на вирусот во заедницата речиси и да не постои“, пренесува RT.

Жената која била позитивна не патувала во скоро време, а била вакцинирана со вакцината „Модерна“. Таа работи во лабораторија која е класифицирана на високо ниво на биолошка безбедност.

Околу 100 луѓе кои биле во контакт со неа морале да бидат ставени во карантин.

Тајван, со население од 23 милиони, има една од најниските стапки на инфекција со коронавирус. Досега се пријавени нешто повеќе од 16.700 случаи, а починале 848 лица.

Слични содржини