Папата се огласи по терористичкиот напад во Москва: Се молам за жртвите

од Симе Стоиков

Папата Франциско го осуди терористичкиот напад во концертната сала во Москва како „одвратен“ чин што го навредува Бога, велејќи дека неговите молитви се со жртвите.

– Се молам за жртвите од гнасниот терористички напад во Москва, Господ да ги прими во мир, да ги утеши нивните семејства и да ги преобрати срцата на оние кои ги извршуваат овие нечовечки дејствија кои го навредуваат Бога – рече Папата денеска на плоштадот Свети Петар по мисата на Цветници.

Во терористичкиот напад во Красногорск, Подмосковље, вечерта на 22 март загинаа 133 лица, а десетици беа ранети.

Како што е познато одговорноста за нападот ја презеде „Исламска држава“.

Слични содржини