Папата, СЗО и НАТО номинирани за Нобеловата награда за мир

од Milan1

Британскиот новинар Дејвид Атенборо, Светската здравствена организација и белоруската дисидентка Светлана Тихановска се меѓу номинираните за овогодинешната Нобелова награда за мир, откако добија поддршка од норвешки пратеници кои имаат искуство во изборот на добитникот.

Меѓу кандидатите за ова признание се Грета Тунберг, папата Франциск, владата на национално единство на Мјанмар, која беше формирана од противниците на минатогодишниот пуч и министерот за надворешни работи на Тувалу, Симон Кофе, се вели во соопштението на норвешките пратеници, а пренесува Ројтерс.

Рускиот дисидент Алексеј Навални, кој е во затвор, Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Викиликс и Челзи Менинг, НАТО, иранскиот активист за човекови права Масих Алинеџад и Арктичкиот совет, кој е меѓувладин форум за соработка на Арктикот, беа номинирани и за наградата.

Илјадници луѓе ширум светот, од пратеници до поранешни добитници на оваа награда, имаат право да номинираат кандидати.

Но, норвешкиот комитет за Нобеловата награда, кој одлучува кој ќе ја добие наградата, не ги коментираше номинациите, држејќи ги во тајност имињата на предлагачите и оние кои не беа номинирани цели 50 години.

Победникот за 2021 година ќе биде објавен во октомври.

Слични содржини