Павле Богоевски: Талат Џафери не направи будали

од Vladimir Zorba

Пратеникот, Павле Богоевски, го обвини претседателот на Собранието за синоќешната седница што заврши без гласање за имунитетот на Трајко Вељаноски и нагласи дека со тоа „ги направил будали“.

Тој го потсети Џафери дека станал претседател на законодав ниот дом со помош на пратеници кои поради тоа настрадале при упадот во Собранието.

„Нашиот глас за Талат џафери на 27-ми април резултираше со обид за наше убиство и терористички акт врз законодавниот дом. Тој немаше ниту гребнатинка. Вчера, тој го злоупотреби истото Собрание и го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас. Денеска низ медиумите прочитав информација дека парламентарните седници се одложени поради тоа што дел од пратениците се на службен пат. Тоа е уште една лага која најверојатно е излезена од неговиот кабинет“, објави Богоевски на својата Фејсбук страница.

 

 

Слични содржини