Пендаровски: Посетата на Курти не беше проблематична, мојата реакција беше до неговите домаќини

од Stefanija Kuzmanovska

Со косовскиот премиер Албин Курти имам исклучително коректна соработка, досега сум се сретнал многу пати на различни конференции и ако смеам да си дозволам можам да кажам дека тој има добро мислење за мене, како и јас за него, вели претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ Сител.

„Посетата на Курти не беше проблематична сама по себе. Во неговата посета и во неговите јавни настапи и во Чаир и во Тетово не можам да видам ниедна реченица со која тој ја навредува Македонија или македонскиот народ. Мојата реакција беше на неговите домаќини кои се обидоа преку таква иконографија, сега прават нов политички субјект, се обидуваат да се окрупнат во албанската опозиција претпоставувам сакаат на таков начин да се допрофилираат пред својот потенцијален електорат“, истакна Пендаровски  прашан за реакциите во дел од албанскиот блок по посетата на Курти во земјава.

Слични содржини