Пенов: Нема пари, но ќе ги бараме за да помогнеме да се заврши подземниот тунел кај „Лимак“

од Nikola Popovski

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска обелодени дека градот Скопје е во голема криза.

-Веќе два месеци траат овие јавни препукувања кои влијаат на атмосферата и животот на граѓаните, преку управувањето на системите. Затоа е нашата интенција да се вклучиме во тој процес и да ја спуштиме топката, рече Пенов.

Тој потенцира дека речиси имале одлука на Влада како да ги разрешат проблемите во Скопје.

-Се согласивме со градоначалничката дека треба помош и можеме да се вклучиме. За подземниот тунел (кај Лимак) што треба да излезе кај зградата на Нова Македонија, пари нема, но ќе ги бараме и ќе го решаваме фаза по фаза. Среќни околности е што еден поголем дел е завршен кон Кисела Вода, но најпроблематичниот дел е како ќе ја преминеме улицата Св. Климент Охридски. Не е само техничкиот проблем, туку треба да се разреши и сообраќајот. Водњанска треба да биде неколку месеци затворена, ќе има директна блокада и Владата треба да најде решение, рече Пенов во емисијата „Студио 10“.

Слични содржини