Пентагон: Снемуваат пари за надополнување на воените резерви по испраќањето оружје во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Пентагон го предупреди американскиот Конгрес дека му снемува пари за замена на оружјето што САД го испратија во Украина и дека е принуден да го забави снабдувањето на некои трупи за да ги заштити од „неизвесна иднина“.

„Неуспехот навремено да ги надополниме нашите воени резерви може да ѝ наштети на подготвеноста на нашата војска“, се вели во писмото до конгресните лидери до кои АП имал увид.

Во писмото се наведува дека без дополнителни пари, САД ќе мора да ги одложат замените или да ги намалат капацитетите во воздушната одбрана, муницијата и беспилотните летала.

Слични содржини