Пензионерите за утврдувањето на минималната пензија: „Добар чекор кон намалување на  пензионерската сиромаштија“

од Vladimir Zorba

Задоволни од почетокот на разговорите за утрвдување на минималната пензија, пензионерите се надеваат дека во новиот закон ќе бидат имплементирани значаен дел од предлозите на нивните претставници.

Како извонредна шанса го посочуваат фактот дека за  првпат,  многу сериозно и аргументирано,  се бара  воведување на оваа категорија, а тоа според нив  ќе значи многу за највозрасниот дел од нашата популација.  

„Во повеќе земји на нашиот континет  се применува минимална пензија, што има многу позитивни резултати, бидејќи покрај пристојни плати на вработените се овозможуваат и пристојни пензии на пензионерите за достоинствен живот во староста“, изјави за „Локално“, Драги Аргировски- експерт за „трето доба“ и поранешен претседател на СЗПМ.

Забалежува дека при утврдувањето на минималната пензија треба да се внимава таа да биде основица и за зголемување на сите пензии, но притоа и да се води сметка за нивелација на пензии, бидејќи поради многу и чести измени на Законските одредби во оваа област создадени се  „уравниловки“ или големи разлики во пензиските примања.

Драги Аргировски

Драги Аргировски

На тоа, според него,  укажува и сегашниот сооднос помеѓу најниска и највисока пензија од 1 спрема 6.5., што се коси со европскиот стандард.

Задоволно од почетокот на процесот е и и пензионерското движење „ТУКА СМЕ“, кое веќе го испратило својот предлог до работната група на Министерството за труд и социјална политика.

„Во  предложеното  решение за  кои  се  залага  Пензионерскот  движење „ТУКА  СМЕ“  е исклучено  поврзувањето (споредувањето) со  системот на  платите, бидејќи  како што велат доволно  е  поврзувањето преку  Швајцарската  формула, па  уште  едно  поврзување не  само  што  не е  потребно,  туку  би  било  штетно, односно  би  ги подигнале  административните  трошоци, или трошоците на  оставарувањето  на  пензинскиот систем, кои  и  онака се  преголеми“, изјавија оттаму за „Локално“. 

Нивниот предлог е минималната пензија  да  изнесуава 80%  од  просекот  на  сите  видови  пензии, а просеците да се  утврдуваат  во  декември од  минатата  година  и  во јуни,  во  тековната година, а  минималната  пензија  да се  исплатуава во  исти  износ  во  наредните  шест  месеци.

Тие се како што велат свесни  дека  ова  е  преголемо  барање, но, затоа  треба  да се седне  и низ  преговорите  да се  дојде  до максимално можното  решение..

„Се смета дека 134.430 пензионери ќе  добијат  мининалната  пензија, односно  40,56% од  вкупниот  број на  пензионери  во  Македонија. Оние  со  најмали  пензии  ќе  добијат по  4.800  до 5.200 денари.Фискалниот  ефект во  првата  година на  примена  се  проценува  на  822,98 милиони  денари  или  13,38  милиони  евра“, велат претставниците на движењето „ТУКА СМЕ“.

Според нив, ова решение има голема  предност бидејќи  фискалниот  ефект  не е ударен и   одеднаш,  туку  се развлекува  со  текот  на  времето.  Тоа практично значи, како што коментираат, дека фактички сите 134.430 корисници  на пензија ќе  примаат  истиот   износ  на  минималната  пензија, која  е   просекот на  сите  пензии  во  претходниот  шестмесечен период, намален  за  20%., односно дека  за секое шестомесечие  ќе  расте  минималната пензија, адекватно  на  растењето  на  останатите  пензии  кои  го  сочинуваат  просекот  за  претходнот  шестомесечен период.

Во истата насока , како суштински факт посочуваат дека дека доколку не  се  „притисне“  со барањата за  зголемени пензии, никогаш  нема  да се дојде до соодветно решение кое треба да обезбеди  поуспешното собирање  на  придонесот   и  намалување  на  трошоците за  одржување  на  пензинскиот  систем.

Пензионерите се категорични дека  е беспредметен стравот  дека со утврдувањето на минималната пензија  ќе се загрози стабилноста на пензискиот фонд за редовна исплата на пензии , бидејќи и сега, како што коментираат,  голем процент од  средствата на пензискиот фонд се обезбедуваат од пари од државниот буџет.

Утврдување на минималната пензија со закон е една од целите на новоформираната работна група која денеска ги започа активностите поврзани со проблемите на пензионерите. Прашањата кои се однесуваат на пензионерскиот стандард ќе ги решаваат претставници на министерствата за труд и социјална политика и за финансии, од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, од ПИОМ, од Сојузот  на пензионери, МАПАС и приватните пензиски друштва.

Според министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ќе се работи на измени или на ново законско решение за пензиското и инвалидско осигурување, за минимална пензија и социјални мерки за пензионерите со ниски пензии.Таа  посочи и  дека ќе бидат разгледани сите пристигнати предлози од здруженијата на пензионери, од иницијативните одбори на пензионерите кои протестираат, од Партијата на пензионери…

К.В.С.

Слични содржини